Scroll Top

Услови за донирање

Станете член на ОК Струмица 47&72 за да ги помогнете капацитетите кои ќе овозможат долгорочна
и квалитетна работа на здружението.

Според Член 11 од СТАТУТОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ –
ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ СТРУМИЦА 47&72
, член на здружението може да биде
секое лице кој е љубител на спортот и одбојката во Струмица и кој сака да придонесе и
помогне на здружението за афирмација и унапредување на одбојката во Струмица и
секое лице кое пројавило интерес да биде член на здружението, а ги исполнува
условите за членство согласно статутот и актите на здружението. За членството на
здружението се води регистар на членови кој се ажурира еднаш годишно. Здружението
има редовни, придружни и почесни членови.

Според Член 13 од СТАТУТОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ –
ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ СТРУМИЦА 47&72
, редовното членство во здружението се
воспоставува со одлука за прием во редовно членство донесена со мнозинство гласови
од присутните членови на седница на Собранието по претходен писмен предлог и
барање од Претседателот на Здружението. Придружното членство се воспоставува со
доброволно потпишана писмена изјава/пријава за придружен член на здружението,
негова верификација од страна на извршниот одбор на здружението и со издавање на
членска книшка за придружен член.

Да станете член што плаќа, значи да помогнете ОК Струмица 47&72 да продолжи со својата работа
кон остварување на своите цели кои се секогаш високо поставени, како и да се унапреди работата
со младите категории.


ПРАВИЛНИК ЗА ЧЛЕНСТВО И ЧЛЕНАРИНИ

ЧЛЕН 3

Членството во здружението, а согласно категоријата – статусот, се воспоставува со:

     

      • Доброволно потпишана писмена изјава – пријава, или

      • Одлука за прием донесена од Собранието на здружението,или

      • Одлука за прием донесена од извршниот одбор на здружението
        Здружението на членовите им издава членска книшка.

    Согласно Законот за здруженија и фондации и согласно статутот на ОК Струмица
    47&72 Струмица, здружението обезбедува средства за финансирање од членарина,
    основачки влогови, доброволни прилози, спонзорство и донации, подароци (пари,
    добра, имотни права), трансфери на одбојкари/ки, дејности со кои се стекнува добивка,
    како и средства од Буџетот на РСМ и од буџетите на општините.