Scroll Top

За нас

IMG_0335
# Еден прекрасен мајски ден

ОК СТРУМИЦА 47&72
од Струмица е најуспешниот спортски клуб во општина Струмица, и еден од најуспешните машки одбојкарски македонски клубови.

Клубот зад себе има богата и долга традиција.

Клубот е основан далечната 1947 година, и во досегашната своја историја нема прекин во редовните одбојкарски натпреварувања организирани во претходната и сегашната држава.

ОК СТРУМИЦА е освојувач на шампионската титула во првото одбојкарско првенство на независна Македонија.

Во 2008 година со одлука на двата клуба – ОК Струмица и машката екипа на ОК Македонија од Струмица се изврши спојување, и Клубот продолжи да се натпреварува како единствен градски машки одбојкарски клуб од Струмица продолжувајки ја традицијата на постариот клуб ОК Струмица и помладиот клуб ОК Македонија (основан 1972 година).

Во клубот членувале многу квалитетни одбојкари со завидни меѓународни спортски кариери. Од овој клуб произлегле голем број на одбојкарски репрезентативци, почнувајки од првиот македонски репрезентативец во претходната држава – големиот Никола Донев.

ОК СТРУМИЦА 47&72 е освојувач на вкупно 10 шампионски титули (1993, 2012, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019, 2021, 2022 и 2023) и 9 Куп титули на Македонија (2012, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019, 2021, 2022 и 2023), како и на многу шампионски титули во млади категории. Клубот е вистински расадник на македонски одбојкари.

IMG_0338
IMG_0350