Драги љубители на одбојката и поддржувачи на нашиот клуб,
Со гордост и возбуда ја објавуваме нашата најнова иницијатива – хуманитарна акција што ја спојува љубовта кон одбојката со нашата желба да помогнеме на тие на кои им е најпотребна поддршка!
Од денес па сѐ до крајот на сезоната, целиот приход од билетите за домашните натпревари ќе биде дониран во Елеуса Фондација на кои сме им бескрајно благодарни за пружената можност да помогнеме, и воопшто благодарни за нивното постоење и хуманитарност.
Секој купен билет прави разлика
Ги покануваме сите наши навивачи и граѓани на Струмица да ни се придружат на трибините и да покажат дека заедно можеме да постигнеме нешто големо. Вашето присуство значи повеќе од навивање – тоа е знак на поддршка за заедницата.
Затоа, дојдете, навивајте за нашиот тим и бидете дел од оваа хуманитарна мисија. Заедно можеме да создадеме промени што ќе траат.
Со благодарност, Вашиот Одбојкарски клуб