По завршувањето на репрезентативните обврски, нашите одбојкари го соблекоа репрезентативниот дрес, па го облекоа сино белиот. Од денес, им се придружуваат во сала на клубските колеги и на тренажниот план на нашиот стратег Кирил Ричлиев. Не очекува првиот натпревар од Лигата на шампионите, на домашен терен против екипата на Олимпијакос од Грција. Ни претстои многу возбудлив период, многу новости, старо – нови имиња, планови за кои ќе ве известуваме на официјалните профили и веб страна на клубот. Следете не!
*фотосесија од тренинг на младите категории: