Scroll Top

Патот кон титулата стартуван со победа!

Синоќа нашите одбојкари ја осигурија првата од трите потребни победи за освојување на 11тата шампионска титула. Момците ни приредија одличен натпревар за гледање и навивање, одлична атмосфера во спортската сала “Парк” за која голем удел играше и домашната публика која ги наполни трибините, и покажа огромна поддршка кон омилениот шампионски тим. Квалитетот на играта на нашите одбојкари поддржан од домашните навивачи е добитна комбинација пред која штипјани останаа немоќни. Следниот натпревар е во петок во 19часот, во гости, на кој не се сомневаме дека нашите одбојкари повторно ќе доминираат и ќе го олеснат патот кон 11тата шампионска титула! Натпреварот може да го следите и на МРТ 3 во петок во 19 часот.