Денес нашите одбојкари, во неполн состав, заминаа за Дурен, Германија, каде ќе го одиграат реванш натпреварот во Цев Купот. Хамди Бен Талеб ( примач) и Саад Ом Хени (коректор), за жал, беа спречени да им се придружат на своите соиграчи, поради проблемот со нивните визи. Но, нашите момци ќе дадат се од себе, да го претстават клубот во најдобро светло. Натпреварот е утре, во 19 часот, а за преносот ќе ве информираме на социјалните профили на ОК Струмица. Напред, момци!