Scroll Top

Скопје – Ајндховен – Дурен, еве каков е планот за оваа недела

По поразот на домашен терен минатата недела, ни следува реванш натпреварот во гости, во четврток оваа недела. Тимот ке лета во среда од Скопје до Ајндховен, Холандија, од каде ќе биде пречекан од домакините и одвезен со автобус до Дурен. По планот, ќе следи попладневен тренинг, па видео анализа и одмор. Четврток, одбојкарите имаат утринскиот тренинг, па одмор, ужина и видео анализа. Во 19 часот започнува натпреварот со SWD Powervolleys Duren. Се надеваме на подобар резултат, за кој нашите одбојкари ќе дадат се од себе. Информации во врска со преносот на натпреварот ќе објавиме наскоро.